Општи податоци за Државниот ученички дом „Мирка Гинова” Битола

Ученичкиот дом е лоциран во Битола, град со богато историско и културно наследство, кој во моментот има околу 100 илјади жители.

Домот се наоѓа помеѓу Техничкиот факултет и Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи”, односно истиот е во потесното, централно градско подрачје, во чија непосредна близина се наоѓа Градскиот парк, во кој се наоѓаат спортската сала Младост, ракометното игралиште и Музејот на град Битола, а на 500 метри во југоисточен правец од домот се наоѓаат Зоолошката градина и Археолошкото наоѓалиште Хераклеа – Линкестис.
Годишната програма на ученичкиот дом претставува основен документ во кој се испланирани педагошките активности, задачите, целите и начинот на координирање на активностите на педагошките субјекти во домот и општествената заедница.


Просторни услови за работа во домот

Државниот ученички дом “Мирка Гинова” е дом за престој на ученици од средношколска популација со која работи тим на воспитувачи. Во домот е обезбедено сместување на учениците, исхрана, воспитување, како и постојно следење на нивното едукативно и ментално унапредување. Државниот ученички дом “Мирка Гинова” е мултиетничка средина во која престојуваат ученици од сите средни училишта во градот, од сите години на образование. Од формирањето на домот до денес во него престојувале 5817 ученици.
Воспитно-образовната дејност во домот се одвива во една зграда со 73 спални, со по 4-5 ученици во спална, со вкупен капацитет од 300 ученици, 1 кабинет опремен со компјутери и мрежно поврзани со интернет конекција, 2 занимални, библиотека, пинг-понг и тв сала, канцеларија за воспитувачи, канцеларии во која се сместени секретарот, благајникот, магационерот и домаќинот и други помошни простории за хигиеничари. Оваа учебна година просторииТЕ кои од функционален, естетски и хигиенски поглед се на високо ниво.

За реализација на воспитно-образовната работа Домот располага со следниот стручен кадар:

1

Директор

12

Техничка служба

4

Административни работници

6

Воспитен кадар

Контактирајте не!