| Име на ученичкиот дом | ДУД “Мирка Гинова” |
|---|---|
| Адреса, Општина | ул. Македонска Фаланга број 31а, Битола |
| Телефон | 047/237-548 047/223-469 |
| Фах, е-маил | 047/222-079, mginova@t.mk |
| Година на основање | 1959, со одлука на народниот одбор на Околија, Битола |
| Година на верификација - број на актот | 08-8448/1 од 07.11.2012 Број на МОН 01-502/1 од 14.11.2012 Наш Број |
| Јазик кој се користи | Македонски |
| Година на изградба | Започната 1959, завршена 1960 |
| Тип на градба | Тврда |
| Површина на објектот | 3926 м2 |
| Број на смени во кои се работи | 3 |
| Начин на загревање на домот | Топловодно греење на нафта |
| Датум на добиен статус | 1995 год. ДУД „Мирка Гинова” |
Воспитно–образовната работа во ученичкиот дом претставува негова носечка дејност која се реализира преку следните воспитно - образовни подрачја:
Со остварувањето на ученичкото управување преку вклучување во работата на разни комисии и тела, се пружа можноста за конфронтација на сопствените со туѓите ставови заради остварување заедничка цел или добро.
Во контекст на реализацијата на својата мисија, вработените во Државниот ученички дом „Мирка Гинова” посебно внимание посветуваат на обезбедувањето поддршка на учениците како во процесот на учењето, така и во нивниот сестран развој.
Која поддршка ја дава Државниот ученички дом „Мирка Гинова”?
Грижа за здравјето на учениците
Одговорниот воспитувач редовно ја следи состојбата во врска со извршените систематски прегледи кои се организираат преку училиштата.
Во ученичкиот дом се усвоени Кодекс на однесување и Куќен ред. И едниот и другиот општ акт се во функција на остварување на посветеното внимание во јакнењето на организациската клима и осовременување на организациската култура.
Инвестирањето во човечкиот потенцијал е основа за подобрување на работата на домот. Согласно со развојната политика на ученичкиот дом и воспоставената мисија, Државниот ученички дом „Мирка Гинова”, како посебен приоритет го издвојува професионалниот развој на вработените.
Соработката со други ученички домови е во функција на подобрување на работата на ученичкиот дом и истата го поттикнува информалното образование на вработените и на учениците. За таа цел во текот на оваа учебна година се предвидуваат посети на неколку домови во Република Македонија.
Во однос на ова подрачје ќе се третираат два аспекта:
- комуникација на ниво на ученичкиот дом
- комуникација на ученичкиот дом со окружувањето
© 2019 ДУД „МИРКА ГИНОВА”― БИТОЛА | Design by Мегасофт Плус - Битола